Две деца на возраст од една и пет години се на иследување во кавадаречката Општа болница по сообраќајката кај Демир Капија, кога патничко моторно возило удрило во товарно возило на Македонија пат кое растурало сол на авотпатот Гевгелија-Скопје.
Информацијата ја потврди Благој Митев, хирург од Хируршкото одделение во болницата.
Во моментов децата се на иследување. Направени се ренген снимки, тие се свесни и контактибилни, не се нервозни, но сепак да бидеме начисто околу тоа дали има некоја повреда ќе ги исконтролираме уште некое време па ќе одлучиме што понатаму, рече Митев.
Сообраќајната незгода се случи вечерва по 20 часот.
Comments are closed for this post.