Апел до претседателот Ѓорге Иванов итно да започне официјална правна процедура пред ООН за одбрана на името по пат на признавање на Република Македонија под нејзиното име, во согласност со принципите на ООН за самоопределување на народите и правото на себеодбрана, како неприкосновено право на Македонците од Републиката и странство, испратија учесниците на дебатата насловена како „Македонија:Името е татковина, а јазикот душа на Македонците“.
Организатор на дебатата беше Институтот Сиа Виста, а на неа учествуваа интелектуалци и членови на разни неформални и формални здруженија од државата.
Повод за апелот, како што стои во него, е директната, темелно организирана и сериозна закана од идентитетски геноцид на македонскиот народ, спротивно на цивилизациските постулати, како и на меѓународното и националното право, спроведуван од октроираните органи на власта, со безобѕирно игнорирање на јасно изразената волја на македонските граѓани на сеопштиот референдум,а официјално потврдена и од надлежен државен орган.
Апелот ќе биде објавен на социјалните мрежи за потпишување и поддршка од страна на граѓаните, а за правните механизми за настап пред ООН ќе бидат дополнително консултирани домашни и странски експерти.
Comments are closed for this post.