О2 „Коалиција“ за почист воздух има низа забелешки на Владината програма за намалување на аерозагадувањето (План за чист воздух) со која се очекува да се намали загадувањето на воздухот во наредните две години до 50% во Скопје и од 30 до 50% во другите градови.
Според иницијативата, во планот/програмата не се направени потребни анализи, не е изготвен детален реален план, врз чија основа ќе се реализира програмата, конкретно, месец за месец, со видливи и мерливи резултати за да се постигне зададената цел во зададениот рок.
Програмата е соодветна за предизборна програма, но не и за усвоена Програма од страна на Владата за намалување на аерозагадувањето како стратешки приоритет, две години по завршување на изборите.
Од О2 коалицијата велат и дека Планот/Програмата е за две години и нема одвоено што во првата година ќе се оствари, што во втората. Се сомневаат дека две години од сега, кога ќе се даде отчетност за овој план, мандатот на оваа Влада ќе биде изминат, а тоа би претставувало огромен проблем во однос на преземање одговорност за спроведување на програмата.
Од иницијативата О2, до властите но и јавноста која ги бара одговорите како до почист воздух, во соопштението на нивната фејсбук страна упатија конкретни прашања чиј одговор требало да се содржи во наведените приоритетни активности на Владата.
Comments are closed for this post.