Според Цаца Николовска нема сомнеж дека Преспанскиот договор нуди подобра перспектива за Македонија. Смета дека уставната измена е потребна. Предлага да се прифатат амандманите со кои се зајакнува македонскиот идентитет. Таа се согласува Преспанскиот договор да стане уставна категорија, но не и да се споменува Уставот од 1991 година.

-Сметам дека во одредена ситуација посодветно или поопортуно, имајќи во предвид, целокупната содржина на Прогласот на првото заседание на АСНОМ е да се употреби терминологија, одлуки или акти на АСНОМ, кои се однесуваат за конституирање и удирање на темилите на македонската држава, без да се навлегува посебно во содржината на истите, вели Цаца Николовска