Политиката на Бугарија на изживување кон соседите ја почувствува и Србија. Бугарија е една од членките кои вчера го блокираа продолжувањето на преговорите со Србија по три години пауза. Србија требаше да го отвори кластерот 3 но вкупно осум земји беа против, и тоа Бугарија, Белгија, Холандија, Шведска, Хрватска,Луксембург, Финска и Данска.
Како главни прични се наведени недостатокот на владеење на правото и непочитувањето на надворешната политика на ЕУ. И покрај препораката од Комисијата, Советот на ЕУ немаше усогласен став по ова прашање.

Што вклучува Кластер 3
Група 3 – Конкурентност и инклузивен раст ги вклучува следните поглавја за преговори:
Поглавје 10 – дигитална трансформација и медиуми
Поглавје 16 – оданочување
Поглавје 17 – економска и монетарна политика
Поглавје 19 – социјална политика и вработување
Поглавје 20 – претприемништво и индустриска политика
Поглавје 25 – Наука и истражување
Поглавје 26 – образование и култура
Поглавје 29 – царинска унија







Comments are closed for this post.