Водачот на Шкаљарскиот клан Јован Вукотиќ во пресретнатата комуникација на „Скај“ со Стефан Ѓукиќ кој беше еден од неговите играчи, бара тие да ги издржат тешките моменти за кланот и оти ќе стигне осветата за сите.
Вукотиќ уште му се жали на Стефан дека е покраден за пет милиони евра и оти нема да се смири додека не го најде тој што се осмелил тоа да му го направи.
Околностите се такви какви што се, лоши, но сепак подносливи за тие што се живи како нас, па може да се решат што е можно повеќе и ако е можно и ако некој има обврска. Обврска може да биде кога некој пријател ќе му даде збор на друг или нешто што и двајцата го прават или соработуваат, па мора да се почитува, а ако не се почитува, тогаш се поставува прашањето зошто-му напишал Вукотиќ на Ѓукиќ.
На тоа Стефан му одговара.
Ние сме пуштени низ вода. Обврска може да биде кога некој пријател ќе му даде збор на друг или нешто што и двајцата го прават или соработуваат, па мора да се почитува, а ако не се почитува, тогаш се поставува прашањето зошто-прашува Ѓукиќ
Ѓукиќ за македонската јавност е познат затоа што беше еден од 200 криминалци кои МВР на чело со Оливер Спасовски му даде македонски пасош и тој беше Каче Герги.
Под тој идентитет Стефан изврши неуспешен идентитет на водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер во Киев, Украина.
Comments are closed for this post.