Сегашната српска опозиција и власта на СДСМ на идентичен начин преговорите за статусот на Косово и спорот со Грција за разликите за името ги префрлија од Обединетите нации во ЕУ и со тоа нанесоа директна штета на своите земји.

Македонија и Грција речиси две децении преговараа во Њујорк под покровителство на Обединетите нации и во согланост со Резолуцијата 817. Се преговараше на рамноправна основа и со посредство на медијаторот Метју Нимиц. Грција имаше свој преговарач Василакис, а од македонска страна се сменија неколку преговарачи.

Така беше се до 2016 година и доаѓањето на власт на СДМ. Тогаш се напуштија преговорите во Обединетите нации, преговарачот Васко Наумовски беше дистанциран и преговорите се водеа во ЕУ каде Македонија беше во подредена положба.Резултатот од тоа дојде неколку години подоцна кога Заев и Ципрас го договорија а Димитрови и Коцијас го потпишаа Договорот од Преспа.

Слично одигра и тогашната српска власт на чело со Борис Тадиќ, Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ во 2008 година.

Koсово прогласи независност а сегашната српска опозиција побара мислење од Меѓународниот суд на правдата во Хаг дали самопросласената незасност од страна на нивниот Парламент бил во согласност со меѓународното право.Судот донесе одлука во корист на Косово.

По таа одлука на судот во Хаг, Генаралното собрание донесе Резолуција со која се призна одлуката и ја повика ЕУ да биде посредник во преговорите меѓу двете земји.Со тоа практично преговорите наместо во Њујорк се префрлија во Брисел каде двете страни се еднакви што директно одеше и сѐ уште оди на штета на Србија.

Тие преговори траат и денеска а згора на тоа ЕУ бара односите со Косово да бидат дел од Преговарачката рамка за Србија во преговорите со Унијата.