Специјалните сили на косовската полиција синоќа поставија опрема за разбивање демонстрации и бодликава жица.Најтензично ноќеска беше во Звечан, каде со истрели од огнено оружје раниле тројца Срби, од кои еден е тешко повреден, а лекарите се борат за неговиот живот. Фрлен е солзавец и 30 шок бомби, а од прозорецот на зградата на Општината ѕиркаат снајперисти.
Србите имаат две барања: Да си заминат нелегитимните градоначалници и да се повлечат членовите на РОСУ од север и од општинските згради.
Синоќа пак знамето на Република Србија, кое се наоѓа до споменикот на Милош Обилиќ во Грачаница било запалено од непознати сторители
Comments are closed for this post.