ОМО ИЛинден прашува зошто повторно се преговара за историјата со Бугарија кога тоа е веќе договорено. ОМО Илинден објави документ од 1947 година, во кој историски комисии помеѓу Македонија и Бугарија ги уредиле бугарските погледи на македонската историја.
Документите се за исправки на историските читанки во Бугарија. Во документите стои дека промените се со цел да се спречи големо-бугарскиот шовинизам и се однесуваат на различни историски периоди.
Во еден од документите стои дека Самоиловата држава не е западнобугарска држава туку типична феудална држава во која доминантно население се македонските словени.
Понатаму, во бугарската историја треба да ја пишува вистината дека Климент и Наум се сесловенски просветители, а Кнежеството на Пребонд е првиот обид на македонските словени да создадат независна држава, а браќата Миладиновци се македонски просветители!
Денес може само да заклучиме дека Бугарија не го почитува потпишаното од 22 ноември 1947 година.
Од овде произлегува прашањето зошто Македонија во моментов преговара за сопствената историја и за работи кои биле дефинирани и договорени пред речиси цел век?
И не е само овој договор, кој не е почитуван од официјалните бугарски власти, тие исто така се потписници на:
1. Договор во Блед – со кој Бугарија се залага да ги осигура правата на Македонците во Пиринска Македонија (денес Бугарија) во слободен национален, економски и културен развој и воопшто односите на Бугарија спрема Македонија.
2. Декларацијата на ООН за човековите права
3. Европската рамковна конвенција за национални малцинства
4. Меѓународниот пакт за граѓански и политички права
5. Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права
Нека овој документ биде пример како треба да биде претставена вистинската историја пред 1945, која дефинитивно не е бугарска.
МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ПРЕКИНЕ СЕКАКВИ ПРЕГОВОРИ ЗА ИСТОРИЈАТА СО БУГАРИЈА И ДА БАРА ОД БУГАРСКАТА СТРАНА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПОТПИШАНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД 1947 ГОДИНА!!!
Comments are closed for this post.