46-годишниот Димче Кимов е уапсен вчера со криминална група во местото викано Раља додека бил во своето скапо возило „Масерати“. Тој падна поради наркотици  со својата четиричлена криминална група во координирана акција на полицијата, а на полицијата и е добро познат уште од 90-тите години.

Неговата криминална група веќе подолго време вршеше криминални дејствија на територијата на Белград, а Кимов беше следен подолго време. Кај него вчера биле пронајдени 10 килограми дрога „сканк“.

Кимов пред три години беше уапсен поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотици и недозволено производство, држење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Со Ким е уапсена и девојката Ј.Ж. (29)  кај која е пронајден пакет со кокаин.