Анкета на Прорисрч: ВМРО-ДПМНЕ сигурен победник на изборите

12.10.2021 / 7:15


Во пресрет на локалните избори, порталот Прорисрч, во соработка со редакцијата на Плусинфо, спроведе телефонска анкета од 2 до 9 октомври 2021 година, на репрезентативен примерок од 1.006 граѓани. Граѓаните беа прашани за нивниот избор на локалните избори, како и за довербата во политичарите.

На прашањето за која листа за општински совет ќе гласате на локалните избори 2021 година, најмногу граѓани се определиле за ВМРО-ДПМНЕ 26%, по што следува СДСМ со 19,7%. ДУИ ја има довербата на 8,2% од граѓаните, наспроти Алијансата на Албанците со 6,1%. Фактори во локалните совети ќе бидат и Левица со 5,7% и независните листи со 2,4%.

Определбата на избирачите на гласањето за советничките листи е едно од клучните мерила за успехот на партиите на локалните избори, дотолку повеќе што изборите за советничките листи се спроведуваат според пропорционалниот изборен модел во еден круг и на нив партиите настапуваат самостојно, но и во конкуренција на независни листи.

Пресврт има и кај политичарите со најголема доверба. За првпат Христијан Мицковски убедливо води пред Зоран Заев, а Димитар Апасиев е трет.

Меѓу топ-10 политичари се Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ (15,5%)Зоран Заев, претседател на СДСМ (10,6%), Димитар Апасиев, претседател на Левица (5,9%), Али Ахмети, претседател на ДУИ (5,1%), Зијадин Села (2,7%), претседател на Алијанса на Албанците, Венко Филипче, министер за здравство, Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, Радмила Шеќеринска, министер за одбрана, Стево Пендаровски, претседател на Републиката…

Меѓу топ-10 политичари само еден е градоначалник, Максим Димитриевски, додека на пошироката листа има уште двајца градоначалници – Митко Јанчев на Кавадарци и Арбен Таравари на Гостивар.

 

 

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата

пред 15 часа
Македонија

Во „1000 зошто 1000 затоа“ не пишува дека Филипче треба да ги контролира медиумите

пред 20 часа
Македонија

Што пие и јаде ДИК: Маричиќ е нов претседател

пред 2 дена
Македонија

Филипче е подготвен за избори!

пред 2 дена
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Филипче сака нежни…наслови во медиумите, тврдите го болат

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски за Ахмети: Ќе има средба..некогаш

пред 2 дена
Македонија

Венко е како Калимерo, се жали дека нема правда

пред 2 дена
Македонија

Колку милиони народни пари требаше да завршат во џебовите на Заев и Филипче со планот за преземање на болницата Жан Митрев?

пред 3 дена
Македонија

Ленче Ристовска има мерак да биде јавна обвинителка

пред 3 дена
Македонија

Здружението „Онлајнмедиа“ реагира на притисокот на СДСМ врз медиумите

пред 3 дена