Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Прилеп истакна дека Заев денеска зборува за 11 Октомври, само затоа што има избори, а во реалноста тргува со историјата, со антифашистичкото наследство и брише бугарски од плочите од НОБ и затоа му порача дека Македонија нема да се предаде и дека доаѓа крајот на поделбите кои Заев ги креира.

– Кога нема избори, тој тргува со светите работи на овој народ, меѓу кој е и нашето антифашистичко наследство. Тој кога не се избори, самиот си кажува дека Бугарите овде за втората светска војна не биле фашисти туку биле администратори. Ќе го бришел од плочите од НОБ бугарски. Ќе ја брише историјата каде нашиот идентитет е зацртан. Почнува со едно и на крај остануваме без се. Така работи Заев! Ветува едно, а во реалност го прави спротивното, истакна Мицкоски.

Тој изјави дека Македонија нема да се предаде пред приказните на Заев и нема да му поминат поделбите, Македонија ќе победи на овие избори и на народот му е доста од разочарувања.

– Антифашистичката борба, илинденците, оние светли моменти од македонската историја не потсетуваат дека не смееме да паднеме во апатија, дека не смееме да се откажеме од борбата за подобро. Овие моменти од македонската историја ни велат дека е време да станеме пак во борба за повисоки вредности, за држава каква што заслужуваме. Оваа Влада не научи дека не живееме во минатото, дека кај овој народ не поминува плашењето од минатото. Овој народ нема страв, овој народ виде дека полоша од оваа Влада сме немале, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека овој народ не признава порази и знае да се избори во она во што верува и дека историјата не учи на големи победи и не учи да не ги повторуваме истите грешки и затоа Зоран Заев знае дека е минато.

– Нема страв овој народ! Овој народ има желба за промени! Овој народ е горд народ и достоинството никој не може да му го земе! Време е за нова иднината! Иднина што сите заедно ќе ја создадаме, изјави Мицкоски.