Шверцерите навистина имале добар план за превезување на дрогата од Атина преку Македонија до Словачка. Во товарниот брод што од Либан се укотовил на пристаништето Пиреја во Атина имало пријавено дека се пренесуваат индустриски машини за правење колачи (cupcakes), односно мафини.
Наместо машини биле откриени четири тони високо квалитетен преработен канабис.
Во бродот имало скриен простор за складирање а со дупчење бил отворен метален дел за влезво кој бил пронајден канабисот. Акцијата е спроведена во соработка помеѓу грчката полиција и американската ДЕА.
Пратката во воз требала да тргне кон Словачка преку Македонија.
Comments are closed for this post.