Историски и од разбирливи причини за нас е клучно прашањето за евроинтеграциите на С.Македонија, изјави за БНР европратеникот Илхан Кјучук во врска со видео-конференцијата, што денеска се одржува на тема „Европската перспектива на Западниот Балкан“.Ќучук е известувач за преговорите со Македонија во Европскиот парламент.

-Тоа прашање е тешко и за разговори, и за политичка оценка, и за преземање конкретни дејства поврзани со членството на државата во ЕУ. Тоа и на современ план исто така се гледа тешко, зашто политичарите треба да донесат храбри одлуки за тешки прашања, за историски настани и да ја одредат перспективата на регионот, изјави Ќучук.

Според него, од отсуството на меѓусебно разбирање на двете држави страда и целата ЕУ, како и државите од Западниот Балкан.

-Зашто, има различни идеи и тие се поткраднуваат на еден или друг начин, за поделба на дртжавите од Западен Балкан, за елиминирање на одредени граници, и тука е многу важна улогата на Бугарија, вели Ќучук.

Тој додаде дека постигнатото во односите меѓу двете држави во текот на 2018 година било многу лесно прокоцкано, заради „пумпање на национално-политичкиот натпревар, и сега ниту во регионот, ниту во Европа не прифаќаат како балансирачка сила при решавањето на различни проблеми“.

-Се поткраднуваат и други идеи-дали да дадеме зелено светло за Република Албанија, а не за С.Македонија. Во зависност од тоа дали ќе настрада бугарската надворешна политика и нашиот имиџ-според мене категориќно „да“. Ние ќе имаме голема одговорност за тоа како една држава, со која биле започнати преговори, не успеала, зашто имаме недоразбирања околу низа клучни прашања. Ние треба да покажеме како прашањето треба да биде деблокирано и да дадеме јасна перспектива и сигнал кон нашите партнери дека прашањето за интеграција, за иднината на ЕУ и за помирување на регионот е клучно за нас. Така ќе дадеме сигнал дека сме доследна држава, која освен своите ги штити и приоритетите на ЕУ, изјави Ќучук.

Според него, во бугарските односи со Македонија има и добри примери и тие меѓусебни врски можат и треба да бидат изградени врз модерна и по принципиелна основа, што ќе создаде перспективи за регионална соработка.