Господ прво себе си дал брада-Владата преку тендер си набавила 260 молекуларни тестови за Ковид-19!

28.12.2020 / 15:25


Владата преку тендер си набавила 260 молекуларни тестови за тестирање на Ковид-19 за потребите на своите вработени.

Како што објави Радио Слободна Европа, за еден тест се издвоени 1.900 денари, а вкупно тие чинеле околу 8000 евра. Договорот со приватната лабораторија Авицена е потпишан пред 12 дена.

За потребите на своите вработени досега тестови не набавила ниту една институција, настрана од здравствените институции. Ниту еден денар немало да ги чини тестирањето вработените во Владата доколку закажале термин преку нивниот матичен лекар за разлика од случајов, кога тестирањето чини околу 30 евра.

Зошто тестовите се набавени од приватна лабораторија, кога тие не се наплаќаат за осигурениците кои имаат здравствено осигурување од Владата избегнаа да ни одговорат. Оттаму само наведоа дека на тендерот се пријавиле 4 компании и избрана е најповолната понуда. Право, како што наведуваат, да учествуваат имале сите економски оператори, вклучително и Институтот за јавно здравје каде всушност тестот доколку се прави приватно е поевтин за 50 денари, од избраната сума на тендерот.

-Постигнатата цена за ПЦР тест е пониска од која било што ја наплаќаат приватните лаборатории, а набавката е направена за вработени во Владата кои имаат потреба од ПЦР тестови. Барањата на Договорниот орган во тендерските документации се во целост согласно неговите потреби, а се во насока на рационално и ефикасно искористување на средствата, утврдени врз основа на начелото на економичност, ефикасност и ефективност на користењето јавни средства, велат од Владата на премиерот Зоран Заев.

Извор: РСЕ


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Mу заврши боледувањето: Сотир Лукровски се врати на работа

пред 10 мин.
Македонија

„5 минути со Чавез“: Во Фурка Зоки нурка, а Зорка ужива во грчка журка

пред 1 час
Македонија

Претседателот Мицкоски ги објави новите министри од ВМРО-ДПМНЕ

пред 12 часа
Македонија

СДСМ и Левица сакаат повеќе пари и да не гласа дијаспората

пред 24 часа
Македонија

Нема веќе казина до училишта: Донесен новиот Закон за игри на среќа

пред 2 дена
Македонија

Министерот за одбрана и синдикатите на разговор за новиот колективен договор

пред 2 дена
Македонија

Димитриевски: СДСМ е партија во политички стечај, ликвидатор е Венко Филипче

пред 3 дена
Реконструкција на Владата

Вреди ќе раководи со министерствата за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците

пред 3 дена
Македонија

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

пред 3 дена
Македонија

Владината реконтрукција ќе биде договорена до вторник

пред 4 дена
Jojobet Girişbetparkbetpark girişGrandpashabetgrandpashabetHoliganbetCasibomHoliganbetHoliganbetcasibomjojobetcasibomcasibomdeneme bonusu veren sitelerMadridbetMadridbetMadridbetJojobetjojobetjojobetJojobetjojobetgrandpashabetcasibomcasibomcasibomcasibomcasibom girişholiganbetBetpasjojobetcasibombetciojojobetcasibomjojobetbetcio