Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата Студио 10 на ТВ 24, вели дека лично бугарскиот премиер Бојко Борисов му признал дека Зоран Заев од опозиција му ветил дека ќе ги исполни сите бугарски барања само за да стане премиер.
Ме прашавте за Борисов, мене лично ми има кажано дека ова што денеска го бараат е ветено од Зоран Заев. Не сум присуствувал на тој муабет, не можам да ја потврдам веродостојноста на таа информација, се оградувам, но лично јас сум го слушнал од него. Кога овој бил опозиционер и кога бил градоначалник бил кај него и ова го ветил, само да дојде да биде премиер, рече претседателот Мицкоски.
На прашањето зар мислите дека навистина некој би седнал да преговара за јазик, нација и идентите, Мицкоски вели:
Па видете и јас не мислев дека Иловица рудникот ќе се гради, па гледам дека сега случајно ја промени сопственоста од канадски инвеститор во бугарска компанија со седиште накај Кајманските острови. Знаете во политиката нешто ме научи, а тоа е дека нема ништо случајно, вели тој.
Comments are closed for this post.