ВМРО-ДПМНЕ со соопштение се огласи по повод најновите случувања и спорот со Бугарија. Од опозицијата велат дека власта се однесува како раштиман оркестар, односно додека портпаролот Костадинов негира, Заев потврдува дека имало преговори во Софија.
СДСМ како раштиман оркестар, Костадинов негира, додека премиерот во заминување Заев во изјава за медиум потврдува дека имало преговори во Софија.
Според нашите информации на маса било раскрчмување на татковината, идентитетот, јазикот и историјата. Два дена молк од Заев, Димитров и Османи за средбите во Софија. Зоран Заев и оваа пазарџиска власт не и одговорија на македонската јавност за што се преговараше овој викенд помеѓу македонската и бугарската делегација во Софија.
Дали премиерот во заминување ладнокрвно ги распродава македонскиот идентитет, македонската историја и македонскиот јазик, на тајни средби во Софија.
Македонската јавност мора да ги дознае сите велепредавства кои ги прави оваа влада на чело со квислингот Заев. Јасно е како бел ден дека Заев се ќе направи, и се ќе прифати, за само тој да си ја спаси својата политичка кариера на штета на националните интереси на
државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.