Македонската фудбалската репрезентација рано утринава пристигна во Скопје, откако поради густата магла наместо на скопскиот аеродром авионот со кој патуваа слета во Приштина.
По обезбедување на историскиот пласман на Европското првенство, репрезентацијата беше пречекана од премиерот Зоран Заев.
-Еден гол за сите, една победа за сите! Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина, изјави Заев.
Македонскиот национален тим синоќа во баражот во Тбилиси ја совлада Грузија со 1:0 со голот на Горан Пандев. Тој повтори дека ова за него е остварувањето на животниот сон.
Comments are closed for this post.