Митропитот на СПЦ Амфилохије, кој денеска беше погребан важеше за голем противник на Македонската православна црква.

Тој во неколку наврати кажуваше и дека некакава Македонска црква е опасност за Балканот и за православниот свет и оти треба низ дијалгот да се дојде до решение. И на неговиот погреб беше поздравена Украинската и Албанската православна црква, но не и Македонската.

Во интервју за ТАС во јануари Митрополитот рече дека обидот на Вселенската патријаршија да повтори украинско сценарио на Балканот би значело објавување на војна на СПЦ.

Што се однесува до Македонија после сите случувања во Украина не очекувам Цариград да и отвори војна на Српската православна црква. После Украина се е можно но не верувам дека тоа ќе се случи.

Амфлилохије требаше да ги води преговорите со МПЦ за статуот на МПЦ но тие никогаш не продолжија бидејќи Митролитот беше посветен на проблемите што ги имаше СПЦ во Црна Гора.