Силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги потресе Додеканските острови во Грција.

Според Геодинамикиот институт на грчката Национална опсерваторија  епицентарот на земјотресот бил на 19 километри северозападно од грчкиот остров Самос.

Епицентарот е во близина на турското крајбрежје, но земјотресот беше почувствуван речиси во сите делови на Грција и во Атина.