Секој ден короната зема се поголем замав во Македонија. Таман сме помислиле дека врвот во бројката на заболени е достигнат, стигнува нов црн рекорд. Доказ за тоа е вчерашната бројка од 1085 лица ковид позитивни. Тоа се дури 33 проценти позитивни од испитаните 3.294 лица, што претставува исклучително висок процент.
Можеби бројките на ковид позитивни и претходно ќе беа приближно високи, доколку се правеа поголем број на тестови, она на што повикуваа експертите и опозицијата. Меѓутоа и покрај овие повици, власта правеше мал број на тестови и упорно не убедуваше дека успешно се справува со короната, за сега да се случи вистинска експлозија од заболени. И додека власта тврди дека ситуацијата е под контрола и дека добро се справуваме со короната, балканските медиуми известуваат за ужасните вести и растечкиот број на ковид позитивни, но и починати од болеста во Македонија.
Со 1085 лица ковид-позитивни во земјата бројката на заразени вчера првпат надмина 1000.
Од новодијагностицираните случаи најмногу има во Скопје-447, во Струмица-80 и во Куманово-69.
Бројот на заболени бележи раст на целиот eвропски континент. Според податоците Ворлдметерс објавени вчера во Европа се регистрирани над 140 илјади нови случаи на коронавирус, со што бројот на позитивни на континентот изнесува 9 851 825. Како и во цела Европа и на Балканот се разгорува епидемијата на коронавирус и секојдневно се бележат нови црни рекорди.
Рекорден број заболени вчера забележани во Србија 1817 лица, во Бугарија 2891, во БиХ 1912, во Романија 6546, во Албанија 319. Во Хрватска вчера беа регистирани 2769 нови случаи, во Црна Гора 320, во Словенија 1796.
Министерството за здравство кај нас вчера информира и за 12 починати лица и 283 оздравени пациенти. Меѓу починатите најмладиот е на возраст од 27 години од Куманово, а највозрасниот е 87- годишен тетовец. Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов по градови најмногу активни слуачи има во Скопје 4584, во Струмица 553, Тетово 547, Прилеп 494 и Куманово 439.
Од скопските општини, според информациите објвени од Министерството за здравство, по бројот на активни случаи најмногу има во Аеродром 788, Карпош со 682 и Гази Баба – 671. Следат Центар – 592, Кисела Вода – 588 и Ѓорче Петров со 388. Над сто активни случаи има и во општините Чаир – 233, Бутел – 227 и Илинден – 101
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Comments are closed for this post.