Албанија подржува формирање армија на Косово. По изгласаните три предлог закони за Косовскиот заштитен корпус од страна на Собранието на Косово, премиерот Еди Рама на својот фејсбук профил го честиташе формирањето на армијата на Косово.
Почит на загинатите борци на Косово и благослов за младата војска на Косово, напиша Рама.
Лидерот на албанската опозиција Лулзим Баша покрај честитките за усвоените предлог закони кои го отвараат патот за трансформација на Заштитниот корпус на Косово во Армија на Косово, истакнува дека формирањето на своја војска е гаранција повеќе за мирот во регионот.
Косово со своја војска и во соработка со Нато алијансата ќе придонесува за мирот и стабилноста на Балканот, изјави претседателот на најголемата опозициона партија во Албанија, Лулзим Баша.
Собранието на Косово вчера попладне со 101 гласови „за“ изгласа три предлог закони за трансформацијата на Косовскиот заштитен корпус, со кои се отвара патот за формирање на армија на Косово.
Comments are closed for this post.