Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, ги негираше тврдењата дека на министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, му дал аудиоснимки околу случајот Кашоги.

Турција не му даде никаква аудиоснимка на Помпео или на кој било американски претставник, нагласи Чавушоглу.

Тој додава дека се води транспарентна истрага за случајот Кашоги.

Сите резултати кои ќе бидат откриени, ќе ги споделиме со светската јавност. Не сме споделиле некоја информација со ниту една земја, истакна шефот на турската дипломатија.

Саудискиот новинар Џамал Кашоги исчезна по неговото влегување во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.