Лидерот на опозицијата, Луљзим Баша, денеска откри дека албанската опозиција подготвила план за извлекување на Албанија од кризата во која се наоѓа. Зборувајќи пред новинарите, Баша рече дека опозицијата го дала планот на Еди Рама и неговите луѓе.
Ако не е во можност да го спроведе, нека отстапи и нека си замине, рече Баша.
Станува збор за план во пет точки за изборни реформи што опозицијата ги подготви и објави јавно.
На новинарско прашање дека премиерот Еди Рама е подготвен да седне со опозицијата на маса и тоа во нивната канцеларија, лидерот на опозицијата одговори дека тоа не е проблем на Баша, а не е проблем ниту на Рама.
Албанија е во криза. Имаме план да ја извлечеме земјата од криза, предлог за изборна реформа. Овој план го доставивме до Еди Рама и неговите претставници. Земете го и спроведете го! Ако не можете да го сторите тоа, отворете ги рацете бидејќи ние сме подготвени да го сториме тоа!, изјави Баша.
Comments are closed for this post.