Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета на Кочани како дел од проектот „Лице в лице со Претседателот“, при што ги посети припадниците на Армијата и вработените од ЈП „;Национални шуми“ кои се ангажирани во санација на штетите од неодамнешниот шумски пожар на падините на Осоговските Планини.
Заедно со градоначалникот Николчо Илијев, членови на Советот на Општина Кочани и со граѓаните, Пендаровски засади нови садници, изразувајќи надеж дека активностите за обновување на оштетениот шумски фонд ќе дадат позитивен резултат.
Во трите последователни подметнати пожари во Кочани во август годинава беа уништени 150 хектари шума, од кои 30 до 40 години стари борови и многу пчелни семејства. – Шумите се наше богатство кое мора заеднички да го чуваме, рече претседателот Пендаровски.
Comments are closed for this post.