Полицијата во Солун притворила 12 лица вмешани во трговија со бебиња. Меѓу притворените има адвокати, нотари и лекари. Истрагата утврдила учество на десетици Бугари во шемата. Цената на нелегално присвојување достигнувала до 25.000 евра од бебе, јавуваат бугарските и грчките медиуми

Ова не е прв ваков случај. Истрагата траела неколку месеци. Според солунската полиција, тие не очекувале дека мрежата била толку проширена. Покрај 12-тмината притворени, во истрагата биле вклучени уште 60 лица. Грчките медиуми, пак, аферата ја нарекуваат како „фабрика за раѓање по порачка на бугарски бебиња“.

Истрагата утврдила дека бремени Бугарки доашале во Грција во напредната бременост и се породувале, главно, во приватни клиники каде полесно меѓеле да се фалсификуваат документи.

Цената на бебињата зависела и од полот.

Според истрагата, три Грузијки, кои биле уапсени, ги воделе бремените Бугарки, кои биле подготвени да си ја продадат рожбата, во Грција. Клиентите, пак, биле главно од бездетни семејства, а биле наоѓани од адвокати, нотари и лекари вклучени во шемата.

Истрагата утврдила и друга шема во која Бугарки продавале јајцеви клетки, што се користеле од клиника за вештачко оплодување. Уапсени се и лекари од таа клиника.