Предизборната кампања за вонредните парламентарни избори на Косово на 6 октомври почнува денеска и ќе трае 10 дена.

Според косовските закони, за 100 пратенички места ќе се тркаат кандидатите на албанските политички партии, додека за припадниците на малцинските заедници резервирани се 20 пратенички места, од нив 10 загарантирани пратенички мандати припаѓаат на претставниците на Србите.

Октомвриските избори се седми парламентарни избори на Косово после војната. Сите досегашни избори после едностраното прогласување на независност 2008 година одржани се како вонредни, а најдолго во пратеничкото столче останале пратениците кои се избрани 2010 гоина.

Досегашната влада на Рамуш Харадинај најкратко се задржала на власт.

Гласањето на Косово почнува на 6 октомври во 7 часот, а избирачките места се затвораат во 19 часот.

Државнат изборна комисија објави дека, според првичните податоци, право на глас имаат 1 937 868 гласачи, од таа бројка 117 808 гласачи се наоѓаат на избирачките списоци во десет општини во кои мнозинското население го сочинуваат Срби.

Според косовските закони, се гласа директно за посакуваниот кандидат, а секој граѓанин со право на глас има право да заокружи најмногу пет о понудените кандидати на листата. Пребројувањето на гласовите се одвива директно на самото избирачко место, а потоа изборниот материјал се предава на општинската изборна комисија, која го транспортира во Центарот за пребројување на гласовите во Косовско Поле.

За време на изборниот молк, кој на Косово трае 24 часа пред почетокот на изборите, забранет е било каков вид рекламирање или било какви партиски активности. Казните за оние кои ќе го прекршат кодексот кој е усвоен од ДИК се високи и се движат до неколку десетици илјади евра.

На самиот ден на избори забрането е давање интервју и изјави на оддалеченост помала о 25 метри од избирачкото место, а следење на изборите е дозволено исклучиво на лицата акредитирани од страна на ДИК.