САД објавија сателитски снимки од нападите врз најголемото нафтено поле во Саудиска Арабија и податоци кои одат во прилог на најновите тврдења дека зад сето ова стои Иран, пишува БиБиСи.
Иран негира било каква вмешаност бидејќи Вол Стрит журнал објави дека американски и саудиски официјални лица ја истражуваат можноста дека ракетите на нафтените постројки се лансирани од Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на твитер дека САД „имаат причина да вериваат дека знаат“ кој е одговорен за нападот на саудиската нафтена постројка и дека се подготвува вооружена интервенција во зависност од потврдата.
Нападнати се залихите на нафта на Саудиска Арабија. Постои причина да веруваме дека знаеме кој е виновен, подготвени сме за вооружен напад во зависност од потврдата, но чекаме од Кралството да слушнеме за кого тие веруваат дека бил причинител на овој напад и под кои услови ќе продолжиме, напиша Трамп, чии твит алудира на американска воена интервенција по саботниот напад на саудиското нафтено поле.
Saudi Arabia oil supply was attacked. There is reason to believe that we know the culprit, are locked and loaded depending on verification, but are waiting to hear from the Kingdom as to who they believe was the cause of this attack, and under what terms we would proceed!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 15, 2019
Скок на цената на нафтата
Цената на нафтата на светските пазари скокна во понеделникот повеќе од 10 отсто, на највисоко ниво во четери месеци, бидејќи нападот на дроновите на најголемата нафтена постројка во Саудиска Арабија го намали производството за, се проценува, повеќе од 5 милиони барели дневно или 5 отсто од вкупното производство во светот.
Comments are closed for this post.