Руски воен авион пристигна во турската воена база Муртед близу Анкара со делови за С-400 во склоп на втората фаза од испораката на овој софистициран ракетен систем.
Агенцијата Тас пренесува дека со тоа започнала втората фаза од испораката на антиракетниот систем на Турција вреден 2,5 милијарди долари.
Првата фаза на испорака траеше од 12 до 25 јули оваа година.
САД тогаш остро се спротиставија на испораката, велејќи дека ќе го откажат снабдувањето на Турција со ловците Ф-35. Вашингтон порача дека системот С-400 не е компатибилен со НАТО стандардите.
Ракетниот систем „С-400 триумф“ е најнапредниот антиракетен систем со долг домет кој е воведен во употреба 2007 година. Наменет е за уништување авиони, крстосувачки и балистички ракети вклучително и оние од среден домет. Способен е да уништи и цели на земја.
Comments are closed for this post.