Главниот град на Гранција, Париз, беше поприште на вистинска улична војна за време на протестот на Жолтите елеци.

Протестот, на кој се собраа најмалку 4.000 луѓе, почна мирно, но кога демонстрантите дојдоа во близина на на градското собрание, крај брегот на Сена, ситуацијата излезе од контрола, по што демонстрантите фрлаа шишиња и камења кон полицајците, коишто одговорија со испалување солзавец.

По овој судир, на улиците излегоа и специјалните полициски единици за сузбивање немири.

Пред одржувањето на протестот, прв по доаѓањето на новата година, од движењето Жолти елеци на фејсбук најавија писмо до францускиот претседател, Емануел Макрон, во кое најавуваат траење на протестите се додека нема значително намалување на даноците, но и смалување на платите на високите државни службеници.

Движењето, коешто се создаде спонтано на социјалните мрежи, протестира од 17 ноември поради државната политика.