Тријца загинаа, а повеќе од десетмина се повредени во пожар што изби во станбена зграда во близина на Барселона. Како што соопштија од противпожарната служба на Бареселона, меѓу повредените има и едно бебе.

ОСвен бебето, во критична состојба се уште двајца возрасни, додека на 13 други лица им е укажана медицинска помош.

Пожарот избил во една десеткатница во градот Бадалона, што се наоѓа на само десетина километри северно од главниот град на Каталонија. Стихијата е брзо ставена под контрола, но причината за пожарот е непозната.