Граѓанското движење „Жолти елеци“ за денеска повика на нови протести ширум Франција, пренесуваат тамошните медиуми.

Главните собири че бидат организирани пред зградите на градските собранија во Париз, Лион, Бордо, Тулуз, Ница, Безансон и Клермон-Феран.

Жолтите елеци обединети на Фејсбук под групата „Франција е бесна“ (La France en colere) која има околу 300.000 членови, наведоа дека на протестите ќе биде прочитано отворено писмо кое пред два дена е испратено на францускиот претседател Емануел Макрон.

Во писмото е најавено продолжување на протестите се додека значајно не бидат намалени даноците за граѓаните и смалени платите на високите државни функционери.

Бесот ќе се претвори во омраза ако продолжите на нас Вие и слични на вас од пиедестал да гледате како на мали луѓе и просјаци, се наведува во писмото.

По новогодишната пауза, движењето очекува масовен собир.

Движењето кое спонтано настана на социјалните мрежи протестира од 17 ноември во Франција незадоволно од општата државна политика.