Во Будимпешта се одржуваат антивладини демонстрации под слоганот „Национален протест против робовските закони“.

На протестите, кои се организирани преку социјалната мрежа Фејсбук, се приклучија членови на опозициските партии, синдикати и невладини организации.

Демонстрантите се собраа на плоштадот извикувајќи: „Не сакаме да бидеме робови“ и „Фидес мафија“.

Од владејачката партија „Фидес“ тврдат дека настанот е дел од предизборната кампања за избори на Европскиот парламент на американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Сорос сака да ги зајакне проимиграциските сили и ги мобилизира партиите и организациите да ги напаѓаат владите кои се против миграцијата, изјави портпаролот на Владата, Балаж Хидвеги.

Со новиот закон за работа, на работодавачите им е дозволено да бараат и до 400 часа прекувремена работа годишно.