Најмалку 90 лица, меѓу кои 65 деца, биле заразени со ХИВ во Пакистан, откако еден лекар користел еден шприц за сите пациенти, објави владини претставници.

Го уапсивме докторот. Според здравствените власти, тој користел еден шприц за ставање инјекции“, изјави претставник на полицијата во Лахоре.

Власите минатата недела добиле информации за заболени 18 деца од предградието Ларкана кои биле позитивни на вирусот ХИВ, по што здравствените власти почнале длабоки контроли.

Повеќе од 90 лица, од кои 65 деца се позитивни на вирусот ХИВ“, изјави др. Абдул Реман, здравствен директор од Ларкана.

Здравствените работници во меѓу време направиле и контрола на крвта на родителите, но сите тестови биле негативни. Тие потврдиле дека лекарот бил уапсен.