Во Русија се вратени 30 тенкови Т-34 кои биле дадени на Лаос, соопшти прес службата на рукото Министерство за одбрана.

Тенковите пристигнале преку море во Владивосток, а потоа преку железница биле испратени во Московската област. Како што нагласија од воениот ресор, „триесчетворките“, кои до неодамна биле во војската на Лаос, се потполно исправни.

Тенковите планираат да ги користат за време на Парадата на победата, како и за музејска експонација и снимање историски филмови.

Враќањето на тенковите е договорено за време на посетата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу во јануари минатата година.