По тричасовни говори и противречни информации, протестот на бугарските и романските транспортери на плоштадот „Луксенбург“ во Брисел заврши со Дунавско оро. На плоштадот се вееја национални знамиња и се извикуваше „победа, победа“, јавуваат бугарските медиуми.

Бугарскиот министер за транспорт, Росен Жељазков, изјави дека на денешната седница на Европската комисија за транспорт ниту еден од трите извештаи од пакетот „Мобилност“ или популарно наречен „Макрон 1“нема да се најде пред евро-пратениците.

Заедно со вашата категорична поддршка и праведни барања, два од извештаите од пакетот „Макрон“ – за објавување на возачите и за одмор во кабините – не се прифатени, а третиот извештај – за враќање на камионот на секои четири недели – беше прифатен од Комисијата за транспорт. Но, одлуката е во спротивност со таа на Советот на министри, кој веќе го има отфрлено. Во моментов, заради создадената ситуација, што е без преседан, трите извештаи нема да влезат во пленарната сала, објасни бугарскиот министер.