Во Италија со денови се бележи континуиран пораст на бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус додека земјата воведува посилни мерки за запирање на ширењето на инфекцијата, пренесуваат светските агенции.

Вчера беа регистрирани 21.267 новоинфицирани, во вторникот 18.765, а во понеделникот 13.846 новоинфицирани, така што вкупниот број на лица заразени со вирусот од почетокот на епидемијата надмина 3,3 милиони.

Повеќе од 400 луѓе умираат секој ден во земјата, дури 551 во вторникот, најголем од крајот на јануари. Земјата се бори да го спречи третиот бран на епидемијата, поттикната од нови варијанти на вирусот и  бавната кампања за вакцинација.

Според Министерството за здравство, вкупно 106.339 лица починале од коронавирус од почетокот на епидемијата во февруари 2020 година.