Боинг 737 на компанијата „Етиопијан еирлајнс“ со 149 патници и осум членови на екипажот, на релација Адис Абеба – Најроби, се сруши денеска веднаш по полетувањето, соопштија од авиокомпанијата.

„Потврдуваме дека наш авион на релација Адис Абеба – Најроби денеска доживеа несреќа“, наведе компанијата и додаде дека спасувачки екипи се испратени на местото на несреќата.

Авионот полетал во 8:38 по локално време од меѓународниот аеродром во Адис Абеба и шест минути подоцна изгубил контакт со контролата на летање.

Други детали не се соопштени.

Премиерот на Етиопија Абиџ Ахмед изрази сочувство до семејствата на патниците, иако се уште ништо не е официјално соопштено за судбината на патниците и членовите на екипажот.