Автомобил бомба управуван од самоубиец експлодираше на главниот пат во предградието на градот Манбиџ, кој е под контрола на сириските владини сили. Исламска Држава веднаш ја презеде одговорноста за нападот и јави дека еден од бомбашите самоубици целел на заедничкиот конвој на владините сили и коалиционите трупи под водство на САД. Новинската агенција на терористичката група Ал-Амак тврди дека во нападот убиени се тројца припадници на американските служби.

Конвојот беше мета на нападот на мачениците борци на патот Манбиџ-Ал Баб кога загинаа неколку припадници на американската војска“, соопшти Амак

Сириската опсерваторија за човекови права потврди дека денеска бомбаш самоубиец целел кон две возила на американските сили и СДС. Меѓутоа, надзорната група јавува дека во нападот само се повредени двајца борци на СДС.

Пред помалку од два месеци, бомбаш самоубиец се разнесе пред ресторан во центарот на Манбиџ убивајќи четири припадници на американската восјка. Тоа беше најголемиот загуба на Коалицијата од почетокот на војната против ИД.