Пратеник од венецуелската опозиција изјави дека министерот за надворешни работи на Венецуела ја посетил Грција за да го продава државното злато, соопшти „Спутник“.

Тврдењата ги изнесе пратеникот Хозе Гера, кој работел во националната централна банка.

Деновиве се појавија информации за венецуелски авион, кој речиси тајно пристигнал во Атина. Се смета дека авионот пренесувал пет или шест тона злато. Во него се наоѓал и министерот за надворешни работи Хорхе Ареаса.

Грчки претставници изјавија дека авионот слетал за да се снабди со гориво и оти министерот не се сретнал со грчки официјални претставници.

Гера смета дека Ареаса ја користи Грција како посредник во продажбата на злато од државните резерви, а парите треба да бидат вратени во земјата. Тој потсетува дека Грција му дала поддршка на актуелниот венецуелски претседател Николас Мадуро, со што станала соодветна за слетување на слични авиони.

Минатиот месец имаше обвинувања дека руски авиони изнеле од венецуела 20 тони злато. Моментно, голем дел од златните резерви на државата се замрзнати од британската банка.