Иранскиот претседател Хасан Рохани го обвини САД дека со економски притисок се обидуват да ја симнат актуелната власт во Иран, воедно ја исклучи можноста за преговори со Вашингтон.

„Иран е во економска и психолошка војна со Америка и нејзините сојузници… намерата им е да го сменат режимот.. Но како народ тоа нема да го дозволиме и водството е обединето против нашите непријатели“, изјави Рохани.

Напнатоста помеѓу Иран и САД порасна откако претседателот Доналд Трамп во мај минатата година ги повлече САД од мултинационалниот договор за ограничување на иранската нуклеарна програма потпишан во 2014 година.

Нови санкции кон Иран

Трамп рече дека договорот не е целосен бидејќи не ја ограничува програмата на балистички проектили, ниту иранската помош кон сојузниците во Сирија, Јемен, Либан и Ирак.

Вашингтон одново наметна санкции кон Иран кои во склоп на договорот беа укинати во 2016 година. Европските потписнички на договорот, како Русија и Кина, се противат на американската одлука за одново стопирање на иранската нафта и паричните санкции и настојуваат да го спасат договорот.