Велика Британија донесе одлука дека од 15 февруари луѓето кои пристигнуваат од повеќе од 30 држави ќе мора да останат во карантин во хотели во рок од 10 дена, јави ДПА.

Министерството за здравство денеска соопшти дека ова е неопходно за да се спречи ширењето на новите мутации на коронавирусот.

Меѓу тие држави се Португалија, сите земји во Јужна Америка и јужна Африка и Обединетите Арапски Емирати. Новата мерка е насочена главно за британски граѓани кои се враќаат во Велика Британија.

Не-британските жители од овие земји не смеат да влезат во Велика Британија.

Опозициската Лабуристичка партија истакна дека не разбира зошто Владата чекала толку долго да ја спроведе мерката.

Министерството за здравство соопшти дека работи напорно за да се обезбедат потребните места за карантин. Хотелската индустрија се согласи да соработува, а секторот за авијација остро го критикуваше планот. Според Би-Би-Си, ќе се бараат хотели за карантин во близина на аеродромите.