Ватикан подготвува конференција за педофилијата во Католичката црква. Од четврток високопоставени епископи, експерти и претставници на различни монашки редови четири дена ќе дебатираат на оваа тема. Папата Франциско изјави дека очекува средбата да биде „едукативна сесија“.

Крајот на денешната прес-конференција на која беше најавена конференцијата, беше дочекан од демонстранти, кои држеа фотографии на деца и со транспаренти „Престанете да криете“. Организаторите ветија дека ќе им „дадат глас на лишените од глас“.

Во среда жртвите на нападите ќе ги предадат жалбите. Нема да соопштиме каде и кога, изјави отецот Федерико Ломбарди, модератор на конференцијата за борба со педофилијата во црквата.

Папата Франциско ги повика верниците да се молат за успех на конференцијата.