Доналд Трамп го стави првото вето по неговото стапување на функцијата во Белата куќа. Американскиот претседател ја отфрли одлуката на Конгресот со цел да обезбеди средства за изградба на ѕид долж границата со Мексико.

„Имам обврска да ставам вето на таа одлука“, истакна американскиот претседател од Овалниот кабинет.

Сенаторите вчера, меѓу кои и републиканци, гласаа за прекин на вонредната состојба на границата со Мексико, воведена претходно од претседателот на САД.