Американскиот претседател Доналд Трамп вети многу голем трговски договор со Велика Британија по Брегзит.
Трамп го најави новиот договор по работниот појадок со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на самитот на Г7 во Биариц, Франција.
Тоа е прва средба на двајцата лидери откако Џонсон стана британски премиер.
Говорејќи пред новинарите по средбата, Трамп соопшти дека договорот со Велика Британија ќе биде постигнат многу брзобрзо.
Ќе склучиме многу голем трговски договор, поголем отколку што некогаш сме имале со Велика Британија. И во еден момент нема да имаат пречка…затоа што сега го имаат тоа – изјави Трамп.
Пред своите разговори со Трамп, Џонсон изјави дека има големи можности за Велика Британија на американскиот пазар. Британскиот премиер додаде и дека САД мора да го отворат својот пазар за да се договорат за пост-брегзит трговски договор.
Comments are closed for this post.