Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа посетата на Данска предвидена за почетокот на наредниот месец. Тој на Твитер објави дека ја откажува посетата затоа што премиерката на Данска, Мете Фредериксен не е заинтересирана да им го продаде на САД островот Гренланд.

Трамп зборува за одлагање на посетата закажана за 2 септември , но не кажува кога и дали ќе има нова посета на Данска.

Минатата недела беше обелоденето дека Трамп разговарал со своите советници за плановите да го купи Гренланд. Најголемиот остров во светот има автономен статус во рамки на данското кралство. Трамп сака да го купи заради неговата стратегиска позиција но и заради големото богатство на ретко метали најдени на голема длабочина под мразот.

Секако, тој е и важна воена стратегиска зона, зашто се наоѓа помешу САД и Русија. За време на Студената војна Американците на Гренланд изградија воена база и аеродром.