Американскиот Стејет департмент ја одобри продажбата на 66 борбени авиони Ф-16 на Тајван. Зделката е тешка повеќе од 7 милијарди евра.

Тајван сака да ја модернизриа авијацијата и побара од Америка да им дозволи купување на нови борбени авиони. Во моментов Тајван располага со воздушна флота набавена во 1992 година.

За Вашингтон оваа зделка е континуитет на стратегиските односи меѓу САД и Тајван.

Во понеделникот, кинеското Министерство за надворешни работи преку портпаролот соопшти дека продажбата на поружје на Тајван е „сериозно кршење“ на договорите меѓу Вашингтон и Пекинг и претставува „сериозно мешање во внатрешните работи на Кина“.

Пекинг повика дека Американците треба под итно да ја откажат планираната продажба на авионите кои ги произведува Локид Мартин.