Пакистан е подготвен да го ослободи индискиот воен пилот заробен вчера како би придонеле кон смирување на напнатоста со Индија, соопшти денеска пакистанското Министерство за надворешни работи.

Подготвени сме да го вратиме индискиот пилот ако тоа придонесува кон деескалација на кризата, наведе портпаролот на шефот Шах Мехмуд Курешиј.

Кризата изби во вторникот измеѓу двете соседни земји околу спорната област Кашмир.

Пакистанската војска потврди вчера дека срушила два индиски авиона во пакистанскиот воздушен простор, од кои едниод паднал во индискиот дел на Кашмир, а другиот во неговиот пакистански дел. Пакистан зароби еден индиски пилот и објави негови снимки.

Њу Делхи призна дека изгубиле еден Миг-21 во судирот и побара итно и безбедно враќање на нивниот пилот, кој сега се слави како херој во Индија.

Конфликтот заради Кашмир помеѓу Пакистан и Индија трае последните 60 години, а индискиот дел на Кашмир е место на чести напади на исламските екстремисти.