Претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе го нападне Иран во знак на одмазда доколку се случи каков и да е напад на Техеран врз „што и да е американско“.

Претходно Иран оцени дека новите американски санкции исклучуваат секаква дипломатија и ги окарактеризира акциите на Белата куќа како „ментално ретардирани“.

Пораката од Иран, многу неука и навредлива, само покажува дека тие не ја разбираат реалноста. Каков било напад на Иран врз што и да е американско ќе биде пречекан со голема и надмоќна сила. Во некои подрачја, таа надмоќ ќе значи уништување“ – напиша Трамп на Твитер.

Реакцијата на официјален Техеран уследи откако Трамп најави дека САД в понеделник ќе воведат дополнителни санкции кон Иран, затоа што, според него, е неприфатливо Иран да има нуклеарно оружје.

Воведуваме нови дополнителни санкции кон Иран. Се радувам на денот кога санкциите кон Иран ќе бидат укинати и тој ќе стане продуктивна и просперитетна држава повторно. Што побрзо тоа подобро – порача Трамп.