Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф изјави дека Иран никогаш нема да користи нуклеарно оружје, за разлика од САД коишто го имаат тоа направено во минатото.

Со ваквиот настап, Заиф се осврна на неодамнешната изјава на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека го откажал нападот врз Иран поради тоа што би резултирал со смрт на 150 лица.

Дали навистина сте биле загрижени за 150 луѓе? Колку луѓе убивате со нуклеарно оружје? Колку генерации избришавте со тоа оружје“ – праша Зариф.

Иранскиот министер истакна дека верските убедувања нема да му дозволат на Иран никогаш да користи нуклеарно оружје.